ЈАВЕН ГОВОР
Ако мислиш дека јавниот говор е само за политичарите, водителите, професорите или комичарите – се лажеш.
Несвесно, секој ден, секој еден од нас, држи и по неколку јавни говори. Пред колегите на работа, пред пријателите, на конференција или пак преку видео снимки објавени на социјалните мрежи.
Некои тоа го прават лесно и со самодоверба, а ние другите треба да работиме на себе за да се усовршиме или пак да го победиме стравот пред да говориме јавно.
Јас бев еден од најлошите јавни говорници кои било кога си ги видел/а. Ама применувајќи го сето она што го учев низ годините, денеска модерирам настани, држам предавања и работам како водител и новинар повеќе од 10 години.
Ако успеав јас, ќе успееш и ти.
